47 Причини да започнете бизнис денес – Прв дел

Добро е да се плашите да ја напуштите комфорт зоната. Можеби почнувате да размислувате да го направите тоа, но сега за сега е само мисла. Започнувањето на свој бизнис е веројатно еден од најдобрите примери за вложување во непознатото. Знам дека ви е потребен и го барате тој “push”. Дали 47 причини за започнување на бизнис ви се доволни за да превземете чекор?

Иако листа е нумерирана, точките во никој случај не се подредени по значење или важност.

1. Следете ги своите соништа

Имате бизнис идеја. Со текот на времето истата созрева во вашиот ум. Колку повеќе мислите, толку повеќе ви се допаѓа. Обидот да се реализира таа идеа значи повеќе не сонувате – туку ги следите вашите соништа.

2. Создадете нешто

Секој од нас има уникатен карактер и сет од таленти и вештини. Нашите умови работат на сосема различни начини – во позитивна смисла. Користејќи го она што го знаеме најдобро, можеме да создадеме нешто што ќе остави белег засекогаш!

The idea is not to live forever. It is to create something that will. – Andy Warhol

3. Правете го тоа што го сакате

Што е потешко од тоа да правите нешто што не сакате да го правите?

Да се обидувате да ги потиснете вашите желби за да го направите она што навистина го сакате.

Современиот живот е полн со граници (препреки), иако сме послободни од било кога. Но, нашите граници доаѓаат од материјалистичката природа на нашето општество. Сè функционира со таканаречени “норми”. Грев е да не ги следиш…

Од друга страна, нашиот ум не познава граници. Така и нашите желби. Започнувањето бизнис денес значи дека не само што се борите со вашата конкуренција, туку и со општествените норми.
Само запомнете – ќе бидете посреќни!

4. Дефинирајте ја реалноста

Реалноста, вклучува сè што постоело, постои или ќе постои

Ако читате до тука, тоа значи дека не сте задоволни од она што постоело и постои.

5. Соочување со вашите стравови

Стравот е добра работа- тој нè штити физички и психички. Исто така клучен фактор за започнување бизнис денес. Тој процес на создавање за прв пат е далеку повеќе од застрашувачки. Поврзано е со стравови за кои не сме ни свесни… и тоа е добра работа. Со колку повеќе стравови се соочувате и на крајот ги надминувате, толку посилна личност станувате.

6. Пропуштање можности

Обично прво размислуваме за решенија за нашите лични проблеми. Прекрасно е да се реши нешто што создава главоболка при употреба. Нашиот живот одеднаш е позабавен. Потоа велиме:

– Колку други го имаат истиот проблем?

Недостаток на доверба и лична мотивација има тенденција да го запре процесот на размислување. Но, мал нанапор во истражувањето не е на одмет. Само замислете кои можности ги пропуштите со тоа што не собирате информации? Што ако вашете решение е најсупериорно?

7. На крајот, некој друг ќе го направи тоа.

Во контекст на претходната причина, постои голема веројатност дека некој друг го имал истиот проблем, кој може да стори нешто во врска со тоа во иднина, или можеби не. Без превзимање на чекор, оставате времето да го направи тој проблем да ви направи уште поголема главоболка. Колку е поголема главоболката, толку е поголема и потребата да се реши.

8. Постигнете финансиска независност

Дали ќе чекате некој друг да го види вашиот потенцијал? Да ви го даде тоа унапредување кое чуствувате дека сте го заслужиле?
Или преземете нешто сега, направете ја вашата бизнис идеа реалност и никогаш не чекајте никого?

Најтешкиот, но најисплатливиот начин да се постигне финансиска независност е да се започне бизнис. Велам најтешко, затоа што бара екстремен безусловен напор пред да видите какви било награди. Ова е ризик од кој повеќето луѓе се плашат. Излегување од комфорт зона за да пробате нешто што може да пропадне… Луѓето навистина се плашат од неуспех. Не станува збор само за физички потреби, туку его-разбивачко искуство кое го остварува само нашето материјалистичко опшстество.

Преземајќи ја судбината во свои раце, вашата егзистенција на линија, од ова нема да добиете подобра мотивација. Запомнете дека големите награди бараат големи ризици.

9. Нетворкинг

Луѓето се тие кои што прават светот да се “врти”. Колку повеќе луѓе запознаете, толку е и подобар пристапот до информации. Започнување бизнис значи запознавање луѓе со широк спектар на позадини. Тие можат да бидат вашите нови пријатели, партнери, вработени или конкуренти. Секој носи лично мислење за предметното прашање. Нивните придонеси би можеле да бидат вредни за развојот на новиот бизнис.

10. Можност да продадете нешто

Новите претприемачи често забораваат дека бизнисот на крајот на денот постои за да остварува профит. Точно е дека неговата намена е да задоволи потреба на доволно голем пазар кој е подготвен да го купи/плати решението. Уште подобро е да не се поставуваат пари како директна цел. Но, ако бизнисот не заработува пари, ќе престане да постои.

Едно од најдобрите исполнување за секој кој сака да започне бизнис е вашата идеа да биде прифатена. Тоа се постигнува само со обид за продажба. Тоа чуство прави чуда и за вашата самодоверба. Создадовте нешто што клиентите го сакаат и купуваат.

11. Зголемена самодоверба

Изненадувачки, ние не сме свесни за тоа како нивото на самодоверба е ниско. Кога последен пат се соочивте со шефот? Или кога последен пат се залагавте за нешто во што цврсто сте верувале? Можам само да претпоставам дека ова не се случува често или пак во скоро време.

Нашето општество нè обучува да бидеме послушни. Ние ги слушаме постарите, ги извршуваме задачите, не ја доведуваме во прашање реалност и живееме речено здодевен живот.

At first most want you to fail – so they will be right.

Живеете живот полн со жртви, се за вашата визија. Да се осврнете на она што досега сте го напраиле е голем личен поттик. Колку од луѓето што ги познавате се залагале за нешто во што навистина верувале? Отишле “се или ништо” наспроти сите шанси? Живееле среќен живот дури и ако не успеале?

12. Подобрете го вашиот личен бренд

Започнувањето на бизнис има и многу секундарни позитивни ефекти. Кога создавате некоја успешна приказна, вие стануват одлик на тој успех. Во вашата заедница станувате познати како личност што направила нешто неверојатно. Ќе почнат да ве гледаат како лидер и ќе бараат мислење и помош.


Ова е вашата шанса да покажете за што се залагате

13. Помогнете некому решајваќи проблем

Единствената цел на бизнисот е да направи нешто што го подобрува животот на одреден пазар. Ќе имате прилика да создадете производ што ќе ги направи луѓето посреќни, решавајќи проблем кој им предизвикува главоболки. Нема ништо подобор за еден претприемач да создаде решение што луѓето со задоволство го користат, но и ја споделуваат својата среќа.


Тоа е вистинска причина за започнување бизнис!

14. Преземете одговорност

Започнувањето на бизнис е комбинација на повеќе одговорности. Како што станува се поголем, вие станувате одговорни не само за задоволување на потребите на клиентите, но и за осигурување дека бизнисот тече непречено. Вработените се потпираат на вашите постапки за да им обезбедат плати. Партнерите и продавачите очекуваат исто така да бидат потполно компензирани. Но, веројатно најголемата одговорност што ја имате е онаа кон самите себе – вие сте одговорни да го направите вашиот бизнис да работи поради вложените пот, солзи и страст во него.

15. Создадете работни места за оние кои не можат

Имате обврска да направите нешто денес. Размислувате за причини да започнете бизнис, а бизнисот не може да постои без своите вработени. Ако вашиот бизнис расте, ќе расте и потребата за колеги. Имате моќ да создадете нешто што ќе се грижи за потребите на другите. Тие ќе можат да го прават она што го сакаат, во пријатна атмосфера и да бидат наградени за нивните напори.

Доколку некои од овие причини успеаа да ве поттикнат и одлучивте дека е време да започнете бизнис, но размислувате проактивно и се чуствувате дека ви е потребна дополнителна помош… Преземете го првиот чекор и погледнете ја најкомплетната тренинг програма за сопственици и менаџери на мали бизниси.
Нејзината содржина можете да ја погледнете ОВДЕ.

(Visited 768 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *