47 Причини да започнете бизнис денес – Втор дел

Доколку го пропуштивте првиот дел или едноставно сакате да се потсетите кликнете ОВДЕ.

Иако листа е нумерирана, точките во никој случај не се подредени по значење или важност

Продолжуваме!


16. Секојдневна борба со предизвици

Започнување бизнис не е нималку досадно. Секојдневни предизвици постојано се појавуваат. Тие се работи за кои никогаш не сте ни помислувале ниту планирале. Ќе бидете предизвикани од вашиот пазар, конкуренција, па дури и од вработените. Работа под притисок и креативно решавање на проблемите ќе ви стане сосема нормално, секојдневие.

17. Вратете на заедницата

Бизнисот е онолку добар колку што е и опкружувањето во кое работи. Дали сте личност која бара начини да го подобри вашето општество? Градењето на претпријатие ќе ви обезбеди ресурси за тоа.

18. Поддршка на почетници

Претприемништвото во голема мера e и споделување. Помогнете им и на другите да ги остварат своите соништа. Секој влез во нова околина е прилично тежок. Потреба ви е самомотивација, знаење, нетворкинг и енергија за да го одржите напорот. На светот му требаат нови претприемачи бидејќи со себе носат нови идеи. Никогаш не треба да се гледа на нив како на конкуренција, туку на луѓе со вистинска мисија. Поддржете ги!

19. Создадете свој животен стил

Немате животен стил каков што секогаш посакувавте? Започнување бизнис денес обезбедува флексибилност за донесување сопствени одлуки. Преземете иницијатива за животот и стремете се кон вашите соништа

20. Инвестирајте во себе

Постојано лично подобрување мора да биде лична цел. Еден од најдобрите начини да го направите тоа е со започнување на бизнис што отсекогаш сте го посакувале. Кога страста има удел во вашите постапки, вие ќе сакате да имате најдобро можно знаење и вештини за да го оспособите вашиот бизнис да работи. Инвестирањето во себе не е само одлична причина да започнете бизнис денес, туку и одлична причина да бидете подобра личност.

21. Направете повеќе пари

Во суштина, започнувањето на сопствен бизнис значи дека ќе управувате со сите финансии. Исто така и сите придобивки ќе бидат ваши за управување. Запомнете дека водењето бизнис бара многу повеќе напор кога ќе се спореди со тоа да бидете вработен. Сосема е природно да се бараат и поголеми награди. Само имајте на ум и не дозволувајте да го го загрозувате работењето на вашата нова компанија исполнувајќи ги вашите лични желби.

22. Вие ги поставувате роковите

Сите сме биле во позиција кога некои утврдени рокови не можеле да се завршат под околностите. Бевме несреќни и вознемирени. Сега ќе имате шанса правилно да управувате со ресурсите, датумите и роковите, осигурувајќи се дека работите ќе се завршат, но вашите колеги се среќни и задовоолни по патот.

23. Бидете лидер

Дали сакате да имате можност да влијаете на другите? Дали најдовте причина зошто луѓето можат да ве следат? Создавањето на бизнис денес ќе ве постави на патот кон лидерство. Ќе направите промени, водејќи ги вашите колеги и радувајќи ги вашите клиенти. Со градење на вашата репутација, ќе го градите вашето лидерство.

24. Помогнете им на оние на кои им навистина е потребно

Нееднаквоста стана главна компонента на современите општества. Финансиите се ограничени, особено за некои специфични групи на луѓе. Со започнување на бизнис денес, исто така ќе имате можност да им помогнете на оние што имаат навистина потреба. Ќе обезбедите бесплатни услуги, ќе отворите работни места и ќе ја осветлите нивната иднина.

25. Најдете колеги кои се страствени за работи за кои вие не сте

Сите ние имаме различни карактеристики. Сакаме различни работи. Тоа е добра работа. Колку често од вас се бара да правите работи за кои немате страст. Добро е да бидеме корисни кога е потребно, но честопати погрешните практики управување не оставаат несреќни на работното место. Ние сме погрешно разбрани и ни се даваат секојдневни задачи кои апсолутно ги мразиме.

Создавањето сопствен бизнис ќе значи дека секогаш можете да барате колеги за да работи за кои не сте страствени. Но, исто така ќе внимавате да не ја направите истата грешка – проверете првично дали им се допаѓа она што го прават.

25. Флексибилно работно време

Вие сте си сам свој шеф. Го поставувате работното време, задачите и роковите. Но, флексибилното работно време може да создаде и негативни ефекти. Земете ги во предвид вашите колеги и потребите на компанијата. Одржувајте силна лична дисциплина и покрај тоа што имате флексибилност.

26. Подобрете го вашето општество

Имате идеја да направите нешто подобро? Дали вашето решение ќе спречи уште една главоболка во нашите животи? На крајот на краиштата, имате одговорност спрема општеството да дејсвувате ако можете

27. Нови вештини

Да постигнете успех потребно е да стекнете многу нови вештини. Некои ви се допаѓаат, некои не. Сепак, тие ќе ви помогнат да ги постигнете целите. Ако сте личност која сака постојано да истражува нови нешта, тогаш започнувањето на бизнис е една од подобрите работи кои можете да ги направите.

28. Учите нешто ново секојдневно

Учењето не е поврзано со стекнување вештини и знаење само во професионалната област во која се наоѓате. Запознавате нови луѓе, карактери, учите да комуницирате, учите и спроведувате психологија за да ги подобрите резултатите. Искусувате нови култури, поминувате време во различни кругови. Со други зборови, учење на нови работи секојдневно ќе ви овозможи да станаете уште поотворена и толерантна личност.

29. Научете да управувате со финансии

Започнувањето бизнис денес ќе ве научи сè во врска со управување финансии. Не е важно дали сте добри со бројки или не, да работите со пари е вештина која секој бизнис ве учи. Истите принципи потоа може да се користат и во вашиот личен живот.

30. Никогаш не е здодевно

Секој ден претставува нешто ново. Без разлика дали станува за проблем, проспект или нов неочекуван клиент, водењето бизнис никогаш не е здодевно. Понекогаш станува многу интезивно, но бидете сигурни и спремни дека ќе бидете предизвикувани секој ден.

31. Грижете се за вашето тело и ум (потсетник)

The body achieves what the mind believes. – Unknown

Огромната енергија што се користи во почетните фази на бизнис е некогаш споредено со натчовечки напор. Најважно, грижете се и за физичката состојба на вашето тело, која ќе доведе и до здрав ум

Дополнително четиво: “Physical exercise for brain health”\

Доколку некои од овие причини успеаа да ве поттикнат и одлучивте дека е време да започнете бизнис, но размислувате проактивно и се чуствувате дека ви е потребна дополнителна помош… Преземете го првиот чекор и погледнете ја најкомплетната тренинг програма за сопственици и менаџери на мали бизниси.
Нејзината содржина можете да ја погледнете ОВДЕ.

(Visited 314 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *