47 Причини да започнете бизнис денес – Трет Дел

Доколку пропуштивте или едноставно сакате да се потсетите кликнете подолу за:
Прв дел
Втор дел

Иако листа е нумерирана, точките во никој случај не се подредени по значење или важност

32. Започнете во сосема нова професија

Некои професии имаат многу значителни пречки за влез. Тие бараат споро искачување, заземање на различни позиции и само надеж за најдоброто. Исто така, ќе ви треба и многу добар нетворкинг.

Постои и друг начин. Започнете сопствен бизнис. Тоа е можеби најтешко, но и најисплатливо. Дали отсекогаш сте сонувале да пробате нешто ново или можеби нова кариера? Како и да е, тоа ќе биде тежок пат, но барем ќе создадете нешто за себе и ќе научите многу повеќе

33. Можност да развивате други

Претприемачите имаат можност да гледаат во најдоброто на други луѓе, дури и ако тие самите не го прават тоа. Тие можат да ги забележат најдобрите работници, нивните страсти и идеи. Ќе имате прилика да им дадете на другите најдобри можности да постигнат повеќе. Потоа дополнителна ваша мотивација ќе произлезе од нивниот успех.

34. Излезете од комфорт зона

Излегувањето од комфорт зона е првото нешто што треба да го направи амбициозен претприемач. Чуството да се биде постојано под товар на општествените норми и стереотипи може да е тешко за справување. Ви ја цица енергијата. Ве прави помалку одговорни на околината. Ве прави пасивни. Преземањето на првиот мал чекор надвор од “меурот” ќе го натера светот повторно да ви ја покаже својата цел.

35. Замочете ги сите кои се сомневале во вас

Претприемништвото е многу осамен пат. Имаме среќа ако најдеме партнер кој не разбира. Она што најмногу боли е негативноста на луѓето околу нас. Повеќето сакаат да видат како неуспевате. Тоа и ќе направи среќни, бидејќи ќе испаднат во право. Оваа причина не треба да биде почетна точка, туку мотивација за упорност. Покажете им на сите од што сте направени!

36. Станете ментор

Нема подобро чуство од тоа да му помгонете на некој друг да го постигне вашето ниво на успех, па дури и да го надмине. Сега можеби мислите дека овие зборови се незначајни, но пробајте сетете се на вашите први денови во претприемништвото, и станете ментор што отсекогаш сте го посакувале и барале.

37. Бидете инспирација

Станете личност на која новите претприемачи ќе се угледуваат. Инспирирајте ги да ги градат своите соништа, да ги користат вашите трикови и да учат од вашите грешки. Станете претприемач кој вас би ве инспирирал.

38. Создадете соодветна организациска структура

Организациската структура на која било компанија е единствена како и самата компанија. Таа е нејзиниот крвоток. Прикажува како се донесуваат одлуки, спроведува комуникација, кои се улогите итн. Работењето во компанија која можеби има погрешна организациска структура е постојана борба, постојаните проблеми создаваат демотвација.

Имате можност да создадете организациска структура која сметате дека е соодветна. Не ги повторувајте истите грешки како на вашите предходни менаџери.

39. Нема повеќе “работни денови”

Го гледам терминот “работни денови” како и секој ден кога работиме да ги направиме соништата на некој друг. Ние го разменуваме нашето време за пари и други придобивки. Значи нашите приходи се ограничени на износот на времето со кое располагаме. Започнување бизнис ќе го означи крајот на “работниот ден” каков што го знаете. Ниту еден ден нема да значи само работа, туку ќе има многу повисока цел. Вие ги остварувате вашите соништа и сте посреќни во самиот процес.

40. Општествена одговорност

Општествена одговорност на компанијата значи вклучување на сите правни, социјални и етички стандарди во вашиот деловен модел. Не станува збор само за обезбедување вредност за вас и вашите инвеститори, туку и грижа за екосистемот. Исто како што вашата компанија ќе се потпре на околината во која работи, така и околината ќе се потпира на вашето работење

41. Бидете шефот кој што сакавте да го имате

Работата на шефот е прилично уникатна. Управувањето со луѓе се смета дека е многу захтевно, како и со знаење така и со лични вештини. Честопати лошото раководење на менаџерите предизвикува незадоволни вработени. Нивното непочитување на личните одлики и верувања може да доведе до несреќни работници. Започнете бизнис денес за да станете шеф што сакате да го имате. Грижете се за вашите вработени прво задоволувајќи ги нивните човекови потреби.

42. Создадете наследство

Нашиот животен век е ограничен. Тоа е единствената ограничена работа денес. Нормално, луѓето сакаат да имаат животна цел. Секој избира поединечно, и е во согласност со своите верувања. Наследството ќе осигура дека вашите достигнувања ќе бидат предадени на генерациите што доаѓаат.

43. Бидете покреативни

A way of looking at problems or situations from a fresh perspective that suggests unorthodox solutions (which may look unsettling at first) – Business Dictionary

Кога еден претприемач пристапува кон проблем, тоа се заснова на креативно размислување. Умот работи на мистериозни начини кога ќе се појави проблем. . Креативноста ќе ви помогне полесно да се справите со сите непланирани проблеми. Започнувањето на бизнис веднаш ги зголемува вашите креативни потенцијали, бидејќи се залагате и борите за многу повеќе отколку само за бизнис.

44. Опкружете се со колеги што отсекогаш ги посакувавте

Ретко ги бираме луѓето со кои работиме. Сепак, тие стануваат важен дел од нашиот живот. Ние споделуваме повеќе од една третина од нашиот ден во нивно друштво. Некогаш и може да дојде до конфликт помеѓу нас и нашите колеги. Опкружувањето може да направи да не ја сакаме нашата работа. Со започнување бизнис ќе имате ретка шанса да ги изберете луѓето со кои го делите работниот ден.

45. Еден бизнис води кон нареден

Претприемништвото создава зависност. Штом почуствувате моќ и успех, тешко дека некогаш ќе се вратите назад. Сите ваши вештини постојано се подобруваат со искуство. Станува се полесно да се забележат нови можности и да им се пристапи ефикасно. Првиот потфат е најтежок… потоа станува природно.

46. Никогаш повеќе не живејте здодевен живот

Која е целта на нашиот живот ако не сме среќни? Граници и пречки има насекаде, ограничувајќи го нашето размислување и чуство. Започнувањето на бизнис ќе ве натера да влезете во динамичен свет, каде што никогас нема да постои ист ден. Доколку некогаш се чуствува премногу динамично, само потсетете се на вашиот живот пред претприемништвото.

47. Збогум на “Понеделничка треска”

Возбудата која постои околу секој Понеделник, чуствувам дека е создадена од луѓе кои не ја сакаат својата работа. Враќањето на работа со полни батерии после убав викенд може да биде лошо само ако не сте задоволни од вашата кариера. Потрагата по вашите соништа ќе ја елиминира “Понеделничката треска”. Всушност работната недела ќе добие сосема нова форма.

Доколку некои од овие причини успеаа да ве поттикнат и одлучивте дека е време да започнете бизнис, но размислувате проактивно и се чуствувате дека ви е потребна дополнителна помош… Преземете го првиот чекор и погледнете ја најкомплетната тренинг програма за сопственици и менаџери на мали бизниси.
Нејзината содржина можете да ја погледнете ОВДЕ.

(Visited 216 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *