Можно ли е да водиш бизнис без стрес?

Стрес е ефектот кој го чувствуваме кога ќе се соочиме со нешто непознато. Тоа е одбранбен механизам на организмот да го заштити нашиот опстанок. Денес немаме основни проблеми на опстанок (храна и размножување) како што имале нашите предци, но имаме проблеми на “свеста.”

Основањето и водењето на бизнис само по себе е стресен процес кој нема крај. Тоа е битка со непознатото. За некои од нас стресот знае да има и позитивен ефект, но и за некого да го парализира.

Прво, накратко да видиме кои се видовите на стрес:

  • Акутен стрес – стрес кои има моментален ефект. Се случува брзо, но и брзо прекинува.
  • Хроничен стрес – стрес кои се случува редовно. Не прави да се чувстуваме уморни. Најчесто потекнува од работа.
  • Емоционален стрес – стрес кој потекнува од нашата емоционална состојба. Има најизразени ефекти врз нашата физиологија и е најкомплексен за справување.

Ако сакаме да успееме во создавањето на бизнисот за кој имаме визија, а стресот е една од личните пречки, тогаш дали (и како) може да го елеминираме (или барем драстично намалиме)?

анти-стрес топче

Напомена: секој е уникатен и треба да се потруди да најде сопствен начин на справување. Ова се само области кои може да бидат корисни.

Фокус

Почетокот на секој мал бизнис е осамен. Најчесто е само основачот кој носи повеќе “капи.” Кога ќе тргне “работата,” лесно е (и несвесно) фокусот да се префли на секојдневна оператива (и проблеми), а не бизнис развој.

Дерек Сиверс, во својата книга “Anything You Want” објаснува како развојот на неговиот бизнис го донел во позиција да нема време освен да “гаси пожари.” И што направил? Поминал 6 месеци да ги напише одговорите на прашањата кои неговите вработени секојдневно го прашувале и процедури преку кои нема простор за грешки. На крај бил толку непотребен, што неговите вработени го “отпуштиле.” Тој со своето слободно време понатаму успеал да развива и други визии.

Ослободување на контрола

Повеќе контрола – помалку стрес? НЕ!

Колку повеќе контролираме толку е потешко да биде се “под контрола.” Малиот бизнис е комплициран и далеку од перфектен. Лесно е основачот да си постави превисоки стандарди и постојано да биде незадоволен.

Работете на систем на контрола кој ги следи само клучните точки за вашиот успех. Останатите ослободете ги некој друг да ги контролира. И така доаѓаме до следната област:

Делегирање

Тежок и комплициран збор.

Делегирање е всушност давање на задачи. Но не е наредба. Преку делегирањето вие давате и одговорност на исходот од задачата. Делегирањето е најдобриот начин на развивање на довербата во организацијата. Кога делегирате имате и дополнителна одговорност. Треба да дадете поддршка, фидбек и ресурси за извршување на задачата.

Без разлика што можеби имате само 1 член во тимот или пак работите со надворешни соработници, делегирањето значително ќе ви ја олесни работата.

Забавувајте се

Бизнисот на крај е само бизнис. Успехот не е во перфекцијата и деталната контрола. Успехот е во градењето на визијата и искуствата кои ќе ги добиете по патот. Бизнисот го прават луѓето со кои ќе работите и купувачите за кои ќе создадеде задоволство.

И сега: можно ли е да водиш бизнис без стрес?

Секако дека НЕ. Стресот е дел од развојот. Доаѓа со непознатото. А бизнис се гради во непознато.

Но дали може да бидеме подобри во раководење со стресот? Секако дека ДА! Особено што сега сте посвесни дека постои начин да се справите со него.

Наскоро! Најкорисната програма за мали бизнис

Моментално во изработка – најкорисната програма за мали бизниси ќе ви помогне да ја вратите контролата над вашиот бизнис за помалку од 10 дена. Запознајте се повеќе со нејзината содржина ОВДЕ

(Visited 310 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *