Вложете се себеси кога немате што друго

Ова е приказна за тоа како сфатив што значи да се вложуваш себеси, уште на млада возвраст кога немав што друго. Мојата перцепција за успех беше да создадам нешто за себе, од нула. Тоа беше предизвик кој беше повеќе предводен од натпреварувачкиот дух кој од секогаш го имав.

Моето “бебе” – како што ја нарекувам мојата прва бизнис идеја со која постигнав нешто, растеше во мене многу долго време. Некако едноставноста да се прави секојдневен процес се поефикасен се чинеше дека го привлече моето внимание. Во основа, моделот беше да се собира Е-отпад од било кој достапен извор, да се прави селекција и потоа на крајот извоз. Проблемот беше што немаше компании кои се специјализирани во процесот – ооп МОЖНОСТ! Кон завршувањето на мојот факултет, кој патем беше бизнис школо бидејќи знаев дека тоа ќе ми помогне да ги остварам долгорочните цели, бев подготвен да превземам чекор.

Проблемот

Со 20-годишна возраст немав пари и не сакав да барам помош од никого (сега се презирам себеси за ова). Мојата идна компанија беше создадена да биде што е можно поефикасна за да не ми требаат толку многу пари. Но, кога имате јасна цел за иднината, нема што да ве спречи и секој проблем е само пречка. Така беше и мојот проблем. Едноставно мораше да има начин.

Решението – Вложете се себеси

Се сеќавам дека ја трескав главата со денови додека не напишав список со само една ставка. Името на списокот: “Мојот имот што може да се инвестира”. единствена ставка на списокот – ЈАС.
Конечно се движиме кон нешто. Во моментот кога се видов како средство, го искористив своето бизнис знаење. Средството имаше само едно ограничување, а не беше фантазија… тоа беше ВРЕМЕ.
Значи технички, вложување време (ограничено средство) беше единственото нешто што може да доведе до достигнување. Штом јас бев средството, што би можел да направам за да добијам барем основно финансирање?

Назад кон основните работи – КОНКУРС! Државниот натпревар за бизнис план што се одржување годишно, учествуваа над 100 најдобри бизнис идеи во земјата. Јас се вложив во натпреварот затоа што парите од првата награда речиси доволни. Во месецот што следи до апликацијата, имав поминато часови во пишување на апликацијата, која беше околу 1000 збори вкупно – објаснувајќи ја идејата, иновациите, можностите на пазарот, бизнис моделот и слично. И како што може да замислите – УСПЕХ! Мојата идеја беше избрана во првите 30 и продолжи во потесниот круг на натпреварот.

Следните 3 месеци доведуваа до креирање на самиот бизнис план. Но, користејќи го своето средство, поминав бескрајни часови учејќи да пошувам бизнис планови од сите достапни ресурси. Потоа, имаше истражување – направив интервјуа, контактирав потенцијални добавувачи и клиенти, добив повратни информации и се подобрив. Конечниот исход беше момент на гордост. Но, се уште не беше готово. Добив вест дека мојот бизнис план е избран во ТОП 10. Замислете ја среќата. Сепак, следеше најважниот дел – презентацијата. Инвестирајќи го единственото средство понатаму, го креирав, претставив и на крајот го освоив натпреварот.

Исходот

Одразувањето денес на целиот процес ми помогна да разберам неколку работи клучни за младите претприемачи. Кој е здравиот разум зад кој се вложуваме себеси? Како прво, дури и кога се чини дека немаме решение за одредена пречка, тоа не значи дека навистина нема. Треба да размислите надвор од кутијата и да бидете подготвени за драстични мерки. Второ е дека нема лошо искуство.
Започнување бизнис на возраст пред 20 години дава знаење и искуство што нема да го препознаете во блиска иднина. Само седете цврсто и преиспитувајте ја вашата состојба на умот барем еднаш годишно. Ќе видите како перспективата ви се менува и ве прави далеку повеќе подготвен за светот околу вас. Трето – самодоверба.
Замислете како го направивте сето она, со сите ограничување што ги имавте истовремено. Сепак, тоа е некаков потфат сам по себе.
Зошто не го повторите, уште подобро, од поголеми размери, да го промените животот на сите?

До следниот пат!

(Visited 139 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *