Што е организациска структура и зошто му е потребна на вашиот бизнис?

Познавањето на организациската структура на вашиот бизнис е важно за одржување на редот

  • Воспостувавањето на организациска структура во рамките на вашиот бизнис може да воспостави јасни очекувања на секое ниво
  • Јасно дефинирана организациска структура им помага на вработените да разберат од кого треба да бараат помош во одредени ситуации
  • Нарушување во организациската структура може да предизвика значителни расправии помеѓу вашата работна сила.
  • Овој пост е наменет за сопственици на мали бизниси кои сакаат да утврдат зошто всушност нивната организација треба да има јасно дефинирана структура

Соодветно дефинирана организациска структура може да помогне во решавање на бројни прашања кои се појавуваат често во вашите бизниси.

Што е организациска структура во бизнис?

Организациска структура е нешто слично на организациска шема – ги мапира односите меѓу луѓето, нивните позиции во компанијата и како ти се однесуваат едни на други

Создавањето организациска структура за вашиот мал бизнис им помага на вработените на почетно ниво да разберат кому можат да се обратат за помош. Слично на тоа, вашите менаџери од средно и од повисоко ниво ќе разберат кој им известува и на кого известуваат. Може да помогне во создавање на компанија со култура која ја цени соработката, структурата и ефикасноста.

Придобивки од воспоставување на организациска структура во вашиот бизнис

Поефикасна комуникација
Да се знае кој може да одговори на прашања или проблеми е корисно за сите вработени. Со воспоставување на организациска структура, секој знае кои се нивните одговорни, и според тоа кај кого може да се обратат доколку ситуацијата треба веднаш да се реши

Јасна одговорност
Се случуваат грешки. Кога работите не одат како што треба, организациска структура може лесно да помогне да се утврди од каде потекнува проблемот и како може да се корегира и спречи од повторување.

Одлуките се составени од хиерархијата
Сигурен сум дека сте слушнале некој да рече “тоа е над мојата одговорност” или “не сум платен за тоа” , тие всушност се повикуваат на својата организациска структура. Прашањето или проблемот треба да се дискутира со менаџерот или шефот на тој вработен.

Јасна организациска структура ги информира вработените за видовите одлуки што може да ги донесе нивниот менаџер или кои видови одлуки имаат овластување да ги донесат другите во организацијата

Елиминирана или намалена дезорганизација
Хаосот раѓа проблеми на работното место. Без одредена хиерархија, погрешни луѓе одговараат на погрешни прашања, и никој не е одговарен… Бидејќи овие проблеми се разгоруваат во рамките на компанијата, споровите можат да прераснат во нарушени тимови, намалување на моралот и потенцијал за зголемен “turn over”, односно флуктуација на вработените.

Која е важноста од воспоставување на организациска структура?

Кога станува збор за водење бизнис, редот и структурата на жалост често се занемаруваат. Како што вработувате повеќе луѓе, вашата структура станува се поважна за непречено водење на бизнисот.

Добра организациска структура ги разјаснува улогите, ја зголемува продуктивноста, ја намалува фрустрацијата, го подобрува моралот, прави посреќни вработени, а со тоа и клиенти.

Така и обратно, работењето без организациска структура може да предизвика нарушување и хаос кај вработените. Без јасна идеја за поставеноста и структурата, ќе се забележи голем судир на личности, недостаток на управување и неред на работното место, што на крајот влијае негативно на моралот.

(Visited 1,307 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *