Самоевалуација – алатка за подобар бизнис фокус

Кризата продолжува да зема замав, не само здравствен туку и економски план. Бизнис сопствениците се веќе истрошени, како психички, така и финансиски. Ефектите од кризата веќе ја „заматуваат„ објективноста во секојдневната работа. Носењето добри одлуки станува се потешко. 

И тоа е сосема очекувано и во ред – сите сме сепак луѓе. 

На моменти секојдневната работа изгледа повеќе на бескрајна низа проблеми без никаква перспеткива за позитивен развој и иднина. Таквата енергија можеби не доаѓа лично од нас, но околината (бизнис заедницата, медиумите, општеството) живее и ја развива оваа негативност. Сега, кога веќе новите ефекти од кризата се чувствуваат, дали може да, сепак (колку, толку) се обидеме да објективно си го анализираме бизнисот и оцениме каде и како може да си помогнеме? Да бидеме сигурни (или барем во поголема мера) дека работиме на вистинските предизвици?

Во комбинација од искуството и теоријата, се обидов да подготвам една дијагностичка чек листа за самоевалуација на сопствениот бизнис. Нема да одземе повеќе од 15 минути да се направи, но верувам ќе има огромен придонес во „отворање на очите.„ Искрено се надевам дека ќе ви помогне да ги видите областите на кои може да работите и предизвиците за кои вреди да се инвестира енергијата, времето и преостанатите финансиски ресурси. 

Чек листа за самоевалуација за сопственици на мали бизниси

Одговорете на следните 8 прашања што е можно поискрено:

  1. Какви чувства имам за мојот бизнис? (1 крајно негативни – 5 крајно позитивни)
  2. Имам доволно време да ги завршам сите обврски (1 премногу работа – 5 доволно време)
  3. Квалитет и фрекфенција на стратешко планирање. (1 никоаш – 5 често)
  4. Работа со готовина (проекција и контрола) (1 слабо – 5 активно)
  5. Доцнам со плата и придонеси (1 често – 5 никогаш)
  6. Користам буџет (1 никогаш – 5 секогаш)
  7. Движење на продажбата/профитот (1 исклучително опаѓачки – 5 исклучително растечки)
  8. Флуктуација на вработени (1 многу – 5 воопшто нема)

Полињата кои имаат оцена 3 и под 3, се полињата на кои веднаш мора да започнете да работите. Ќе изгледа тешко и обемно, без адаптација и работа на клучните предизвици, кризата и конкуренцијата ќе си го направи своето. 

Што понатаму? – Најкорисната програма за мали бизниси

Работата со мали бизниси ме мотивираше да ја создадам најкомплетната тренинг програма за сопственици на овие бизниси. Нејзината содржина погледнете ја ОВДЕ.

(Visited 259 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *