Станавте менаџер… Што понатаму?

Најголем дел од вас го започнале бизнисот поради тоа што сте имале одредени познавања за основната дејност. За оние пак кои немале, но виделе можност, тие во почетоците биле сами и најчесто биле оние кои станале специјалисти во основната работа на бизнисот. Сигурно и не сте размислувале како менаџер.

Со растот и доаѓањето на барем еден дополнителен вработен (без разлика дали е тоа член на семејство, пријател, партнер или пак непознато лице), најголем дел од вас остануваат во замката специјалист-менаџер.

Разликата помеѓу менаџер и специјалист

Специјалист е личност во организацијата кој го изработува и/или сервира производот/услугата на бизнисот. На почетоците на бизнисот тоа би излгедало вака:

  • Ако работите трговија → вие сте главниот продавач
  • Ако имате сервис за возила → вие сте главниот сервисер
  • Ако имате ресторан → вие сте главниот готвач

Специјалистите ретко постојат како индивидуални субјекти во било која компанија. Неколку се здружуваат за да формираат тим – секој придонесува за она што го знае најдобро.

На чело на тимот е менаџер. Менаџерот можеби предходно бил специјалист, иако тоа не е правило. Неговата работа е да планира, организира, води/мотивира и контролира операции на тимот. Неговата одговорност е да го направи тимот да ги постигне целите со достапните ресурси.

Ниту една компанија во светот не може да работи без овие две позиции. Погледнете наназад во вашите кариери — сите ваши колеги спаѓаат во една од овие две позиции

Wow. Ова објаснување беше премногу лесно

Трансформација од специјалист во менаџер

Овој процес е време кога треба да направите многу повеќе отколку само да научите нови вештини. Наместо тоа, сега е време кога морате целосно да го преиспитате вашиот начин на работа.

Но, зошто?

Бидејќи во моментот кога ќе го направите транзиција, работните приоритети се менуваат

Треба да усвоите неколку нови ставови за тоа како пристапувате кон работата:

Повеќе не сте сами

Менаџерот треба да ги заборави своите лични потреби. Неговиот единствен фокус се потребите на тимот. Неговата единствана цел е да обезбеди поддршка на сите специјалисти додека ја завршуваат својата задача. Неговата работа е да планира ресурси и рокови, да постаува и комуницира јасни цели. На крајот, менаџерот треба да ја следи ситуацијата и доколку е потребно да презима корективни мерки.

Менаџерот е добар онолку колку што е и неговиот тим

Ретко ќе работите на “конкретна” задача. Кога велам конкретна, мислам на завршување одредена задача која што има лесно мерлив резултат.

Менаџерските секојдневни активности вклучуваат постојана интеракција со тимот – постојано следење и комуницирање, помагајќи му на тимот за непречено завршување на задачите и ефикасно користење на ресурсите.

Научете да работите преку работата на другите

Менаџерот не може да ги заврши сите задачи сам. Сепак е човек.

Најважната работа на еден менаџер е да делегира и мотивира, а истовремено и една од најкорисните алатки. Со ефективно делегирање ќе им помогнете и овозможите на другите членови од тимот да научат нови вештини. Помагајќи им на луѓето да напредуваат во организацијата ќе ве ослободи од оперативни и секојдневни активности и ќе може повеќе да работите на бизнисот.

Станете психолог

Луѓето формираат тимови. Луѓето се сложени и уникатни сушстества. Не можете да управувате со сите на ист начин.

Менаџерот треба да поседува вештини за пред се да ги разбере членовите на неговиот тим, нивните потербни, интереси и мотивации. Само тогаш ќе може да ги испланира и делегира задачите.

Како успешно да преминете во улога на менаџер?

Да се направи скок не е лесно. Тоа ќе ви биде еден од најголемите предизвици во вашата кариера. Но штом сте стигнале до тука, сигурно сте свесни (или почнувате да станувате) дека од исклучителна важност е да направите трансформација кон менаџерерски мајндсет. За успешно да го направите ова, потребно е да знаете што е менаџер, што прави, што се очекува од него и кои се неговите алатки.

Работата со мали бизниси и нивните предизвици ме мотивираше да ја создадам најкомплетната тренинг програма за сопственици и менаџери на мали бизниси. Нејзината содржина можете да ја погледнете ОВДЕ.

(Visited 260 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *