малку 

поинаков

претприемач и консултант

Мојата
Приказна

Мојата љубов за бизнис доаѓа од моето семејство – моите родители кои од најмала возраст ме запознаваа со трговија, продажба и раководење со бизнис. Од основно училиште, па се до факултет, работев секое лето како сервисер и продавач на велосипеди – тоа беше и моја пасија, но и одлично искуство кое ме подготви за мојот бизнис.

Мојот прв бизнис беше МЕО – Мрежа за електронски отпад – првата компанија за електронски отпад во Македонија. Со таа идеја победив на Националниот Натпревар за Најдобар Бизнис План (2013 година), во конкуренција од 103 идеи од цела Македонија. Со помош на наградата ја лансирав фирмата, која за кратко почна да постигнува резултати. Во 2014 година со МЕО победив на Get in The Ring (светски натпревар за стартапи) во Македонија и учествував во финалето на ГИТР Источна Европа.

Денес сум Генерален Менаџер на КФЦ Македонија. Искуството во последните години ми беше во високи менаџерски позиции во компании кои се занимаваат со малопродажба (Б2Ц). Паралелно, моето бизнис искуство беше преточено и во поголем број на консултантски задачи за стартапи, мали и средни претпријатија, во делот на бизнис планирање, финансиско планирање и развој.

Сум основал, развивал, купил и затворал бизниси. Ми остана уште да продадам еден. 

Мојата визија:

Стартот и развојот на

не мора да е тежок

20% од новите бизниси ја преживуваат првата година. А 50% нема да го достигнат петтиот роденден. Зошто?

  1. Причина за основање на бизнисот
  2. Лош и неадекватен менаџмент
  3. Не-адекватен или непостоечки пазар
  4. Недостаток на обртни средства
  5. Брза експанзија

Малите бизниси се животот на економијата, а тие најчесто не успеваат. Помошта е скапа и недостапна. Сепак, дали постои друг начин да им се зголемат шансите за долгорочност и просперитет? Што треба да знаат основачите и што им треба направат за да не бидат само статистика?

Блог

Досега веќе знаете дека водењето на бизнис е тешка и самостојна работа

Што требаше да знаете?

Добивајте само корисни и применливи алатки 

(Visited 667 times, 1 visits today)