Започнување на бизнис е предизвикувачки само по себе и може да биде стресно. Но, што кога започнувате бизнис со пријател?
Со слични интереси и силно другарство, влегување во заеднички бизнис свет може да звучи сосема природно.
Во бизнисот, работите често се комплицираат. Треба постојано да носите тешки и објективни одлуки во името на создавање најдобра иднина за компанијата.
Всушност, ако ги носите вашите бизнис одлуки само според статистика, игнорирањето на возбудата на вашиот пријател за “ова е прејака идеја” излегува дека е најбезбедната рута.
Доколку се одлучите да ја игнорирате статистиката, потребно ви е да имате добра основа – односно целосно да разберете во што се впуштатe и како вашата динамика може да се промени откако сте бизнис партнери.
1. Тест
Влогот може да биде голем кога започнувате бизнис, особено ако е потребно и вклучува голем почетен капитал. За да откриете дали вие и вашиот пријател добро ќе соработувате пред да се одлучите за таков потфат, тестирајте се меѓусебно преку помалку значајни проекти.
Доколку сте соработувале и сте се подржувале меѓусебно и успешно во минатото, постои голема веројатност дека успешно ќе соработувате и во бизнис средина, но не и секогаш.
2. Заедничка мисија
Уште на самиот почеток во процесот на лансирање на вашиот бизнис, треба да ги утврдите основните вредности што ќе ги водат вашите бизнис одлуки.
Како што растете, ќе вработувате, отпуштате и водите според овие вредности. Доколку и двајцата не сте целосно усогласени, тогаш ќе ви биде особено тешко да донесете било каква корисна одлука за вработените или за компанијата.
Како пријатели, веројатно веќе имате заеднички вредности, но не го земајте тоа здраво за готово. Експлицитно дефинирајте ги тие вредности. Разговарајте за тоа како тие се однесуваат на вашиот бизнис и кои се вашите цели.
На овој начин, ќе спречите конфликт и неодлучност при носење на одлуки.
3. Утврдете ги вашите улоги
Кој е човекот што подобро ја согледува големата слика? Кој е спремен да се соочува со луѓе лице в лице? Дали некој од вас знае повеќе за маркетинг или продажба? Кој е подобар со бројки? Итн итн…
Вашето пријателство ви дава подобар увид во меѓусебните карактеристики и способности, што ќе ви помогне да доделите улоги и одговорности во рамките на компанијата.
Познавајќи ги меѓусебните јаки и слаби страни, поделете ги обврските и одговорностите.
Повеќето компании се организираат околу луѓе, наместо околу одговорност и отчет. Резултатот е речиси секогаш ХАОС.
Често ќе има моменти кога нема да се согласувате. Без јасни улоги ќе се наоѓате во ќор-сокак, што може да стави крај на вашето партнерство и пријателство.
Поради што е неопходно да се создаде организациска структура т.н хиерархија и да се даде овластување на една личност да носи конечни одлуки.
Задолжително е двајцата целосно да се согласувате и сте во ред со тоа која личност ќе ја сноси таа одговорност.
4. Одделете го бизнисот од пријателството
Почетокот на секој нов потфат и бизнис авантура е забавен и возбудлив, но како што времето минува, така и мислењата на луѓето знаат да се менуваат.
Запишете се на хартија! Секое партнерство треба да започне со формален договор за да се избегнат правни проблеми кои може да се појават по патот. Овој пишан документ треба детално да опишува кога, како, што се случува и делегира помеѓу вас.
Воспоставете јасни параметри за важни одлуки како експанзија или затварање на компанијата.
Како и предбрачен договор, се надевате дека никогаш нема да го користите, но дефинитивно добро се наоѓа при случај на раздебла.
Доколку сакаш да ги зголемиш шансите за успех на твојот бизнис, погледни ја програмата која ја создадов за секој основач или менаџер на мал бизнис ТУКА!